Во центарот на Белград, пред продавница за парфеми, се урна таванот на настрешница, пишува Н1 Србија.
Ова најверојатно се случило во текот на ноќта, а жена која работи во продавницата за парфеми изјавила за Н1 дека сè било во ред во текот на денот.
Властите поставија црвена лента на која пишува „внимание, опасност“, така што на граѓаните сега им е забрането да минуваат низ тој дел од улицата.
Делови од таванот се наоѓаат и на самото шеталиште, а дел од него сè уште виси.
Текстот Дел од настрешница се урна во центарот на Белград е превземен од МАКФАКС.