Македонија дигитално се трансформира, за прв пат донесен е Закон за Сајбер безбедност, 120 нови електронски услуги, признавање на електронските документи, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја наследи Македонија со целосно уназадена дигитализација. Наместо за седум години власт на СДС да ги унапредуваа дигиталните услуги, тие како да сакаа државата да ја вратат децении назад.
Но, за една година Влада, ВМРО-ДПМНЕ покажа како се работи напорно во интерес на државата и граѓаните и почна да ги гради темелите за дигитална трансформација на Македонија.
Со цел помалку административни гужви, побрзи и полесни административни постапки за граѓаните, се воведоа нови 120 електронски услуги за граѓаните на националниот портал uslugi.gov.mk.
Најчесто користените услуги од институциите како потврда за неосудуваност, електронски извод од матична книга на родени, електронско уверение за државјанство, потврда за набавка на оружје, ги направивме целосно електронски достапни.
За ваквите електронски документи имаат иста важност како оригиналните издадени од институциите, се донесоа измени на Законот за електронски документи со што документи се признаваат за целосно валидни.
Отворени нови административни Центри за услуги (ЕТУ) за граѓаните во Аеродром, Јегуновце и Штип, во кои центри вработените од министерството им посредуваат на граѓаните при аплицирање и издавање на повеќе од 300 услуги од порталот.
Со отворањето на ваквите центри ги доближуваме административните услуги до граѓаните коишто не се во можност да користат интернет, да патуваат до централните единици на институциите, или немаат соодветно познавање за користење на електронски уреди.
За поголема безбедност и заштита на податоците се донесе Закон за Сајбер безбедност, со кој државата за прв пат добива закон за безбедност на мрежи и информациски системи.
Се донесе Закон за медиуми со што по повеќе од 12 години издавачите на онлајн медиуми- интернет-публикации се препознаени во закон.
Меѓу другото, се донесе и забраната за 226 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа. Најголем број од младите, тинејџерите се зафатени од пандемијата на игри на среќа, особено преку нелегалните игри на среќа кои се организираат преку онлајн платформи, истите претставуваат опасност од крадење на лични податоци како и злоупотреба на платежни картички.
Во подготовка е владина Супер апликација (SupperApp) која треба да биде лансирана во октомври 2025 година, со помош на која во електронска форма, граѓаните ќе ги имаат своите лични карти и возачки дозволи, а Владата и министерствата добиваат заштитени и унифицирани веб страници.
Ги градиме темелите на промените.
Доаѓа времето на Македонија“, се вели во партиското соопштение.