Карантинот донесе уште еден проблем, кој е најизразен кај децата – кратковидост. Истражувањата во Холандија и Кина покажаа дека за време на пандемијата на коронавирус, голем број луѓе, особено деца, имале проблем со видот односно дошло до влошување на видот на далечина, а овој феномен се нарекува „карантинска кратковидост“.
Изолација во домот за време на вирусот Ковид-19, карантин, ограничување на контактите, работата од дома и часови преку Интернет, кои ја одбележаа претходната година, влијаеја на нас кои секојдневно гледаме во екраните, таблетите и мобилните телефони, и тоа повеќе од вообичаеното.
Според научниците, ова доведе до зголемување на бројот на кратковиди луѓе, а овој проблем, што е особено загрижувачки, е особено изразен кај децата.
Премногу гледање во екранот
Во Кина, беше спроведено истражување на 120.000 деца на возраст од шест до 13 години кое покажало дека има драстично зголемување на дијагностицираните случаи на кратковидост, а кај деца на возраст меѓу шест и осум години имало дури три пати повеќе случаи отколку претходната година. Во таа возрасна група, како што е наведено, видот се влошува просечно за – 0,3 диоптрија.
Прекумерната употреба на електронски уреди, според научниците, не предизвикува само кратковидост – можат да доведат и до заматен вид, а употребата на мобилен телефон навечер може да предизвика и несоница.
Големиот процент на сина светлина на екраните спречува лачење на хормонот мелатонин, што го прави лицето поспано“, вели професорката Никол Етер, директор на очната клиника на Универзитетската поликлиника во Мунстер, која советува да се избегнуваат овие уреди најмалку два часови пред спиење.
Д-р Радмила Милошевиќ, српски педијатриски офталмолог, исто така вели дека бројот на стари лица и деца кои имаат проблеми со кратковидост од година во година расте и дека затворањето во домот за време на епидемијата на коронавирус, секако влијаело тој број да се зголеми.
Помладите генерации се повеќе поминуваат време пред компјутер, и работат „одблизу“, што доведува до зголемување на кратковидоста. Тие поминуваат многу повеќе време пред екранот, кој е близу до нив. Така учат и играат. Последица на тоа е дека мускулите на нивното око задолжени за сместување се постојано напнати, а тој постојан напор предизвикува кратковидост – објаснува д-р Милошевиќ и додава дека оваа состојба е непоправлива и дека проблемот со видот се решава со очила.
Секој, не само децата, треба да паузира за време на работата, ако долго гледа во екранот. По половина час работа одблизу, треба, да погледнат во далечината најмалку 10-15 минути. Треба да поминете што повеќе време надвор на сончева светлина и да бидете на отворено бидејќи тоа влијае поволно на спречување на развој на кратковидоста – вели д-р Милошевиќ и додава дека последиците од изолацијата кај децата ќе ги видиме во наредниот период, и овој проблем ќе биде поизразен особено поради онлајн наставата.
Неколку симптоми на кратковидост:
Заматен вид на далечина
Замор на очите
Замор во очите додека гледате во далечината
Кратковидите деца често имаат проблеми со читање од таблата
Заматен вид кога се фокусирате на далечни предмети
Главоболки поради прекумерно оптеретување на очите
Тешкотии во возењето, особено ноќе (ноќна миопија)
извор: гламур,мк
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.