Франција воведе нови епидемиски ограничувања на границата и повторно избегна воведување заклучување на целата територија.
Забрането е секое несуштинско патување од земји што не се членки на ЕУ, додека за граѓаните на земјите-членки на ЕУ се бара да направат негативен тест за Ковид-19, пренесува Би-Би-Си.
Премиерот на Франција, Жан Кастекс најави построго спроведување на полицискиот час и затворање на големите трговски центри, но овие мерки се сметаат за умерени и поволни за економијата.
Сепак, некои лекари сметаат дека ова нема да биде доволно за да се запре ширењето на вирусот во Франција. (МИА)