Вардар 1961 утре го очекува нов натпревар од СЕХА Газпром лигата, од 20.15 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје ќе ги одмери силите против хрватскиот клуб Нексе.
Потсетување дека „црвено-црните“ минатиот четврток успешно стартуваа во регионалното натпреварување со домашната победа над српската Војводина (25:21).
Во рамките од истата група „Б“ (во која настапува и украинскиот Мотор Запорожје), Нексе исто така започна победнички откако со 24:23 над Војводина, меч одигран во декември.
Ракометарот на Вардар 1961, Марко Мишевски:
– Не може многу да се промени, да се смени тоа што ривалите имаат нов тренер (Бранко Тамше). Нема што ново да се очекува, тоа е таа игра, ги знаеме доволно добро. И во минатите години имавме доста одиграни натпревари со Нексе. Знаеме каков противник е, знаеме што можеме да очекуваме и мислам дека сме спремни за тој дуел. Мислам дека реално нема со што да нè изненади Нексе, бидејќи тие се играчите што игравме и на Фајнал-фор турнирот во СЕХА лигата, истиот е составот. Наше е да ја одиграме нашата игра, што знаеме најдобро, да го дадеме максимумот и мислам дека ќе извојуваме победа.