Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Министерството за надворешни работи на Украина погрешно мисли дека земјата може да се приклучи на Европската Унија без поддршката на граѓаните на ЕУ, вклучително и Унгарците.
Сијарто рече дека украинското Министерство за надворешни работи вчера тврдело дека Унгарците немаат право да одлучуваат за кандидатурата на Украина за ЕУ, пренесува агенцијата МТИ.
Тој истакна дека не е во надлежност на украинскиот претседател Володимир Зеленски, ниту на неговата влада, да одлучуваат за членството на Украина во ЕУ, туку граѓаните на ЕУ треба да одлучат. Додаде дека Унгарија не сака да учествува во пристапувањето кон ЕУ, „земја која носи закана од војна“, која ја загрозува „енергетската безбедност“ и некогаш „речиси донесе“ пропаст на унгарските земјоделци.
Сијарто рече дека Украина, иако бара поддршка од Унгарците, „систематски ги одзема малцинските права на унгарската заедница во Заткарпатија“ во последните десет години, пренесува Танјуг.
Текстот Сијарто: Украина погрешно мисли дека може да се приклучи на ЕУ без поддршката на Унгарија е превземен од МАКФАКС.