Уапсен е 28-годишен штипјанец поради сомнеж дека во период девет месеци му се заканувал и присилувал 21-годишник да се задолжува на повеќе места.

Жртвата која истотака е од Штип, била оштетена за сума од 275.000 денари, околу 4.500 евра.

Според информацијата од МВР, во периодот од октомври 2024 до вчера, Ф.Ј. се заканувал на лицето и го присилувал да аплицира во неколку финансиски друштва за брзи кредити, да се задолжува кај трети лица, го принудил да го продаде својот мобилен телефон, а исто така, го принудил да одземе пари и од неговиот татко.

За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.