Скопје, 18 јуни 2025 во 13:00 часот – Во срцето на Чаир, таму каде што со децении чука срцето на урбаната култура, се враќа со нова енергија значаен културен настан: хип-хоп концертот „Shkupi on its Finest“. Настанот ќе се одржи на 28 јуни 2025 година, во јавните простори на парковите во Чаир, враќајќи ја повторно оваа населба во епицентар на младинскиот уметнички израз и афирмираните артисти.
Концертот се организира со поддршка на Министерството за култура и туризам, со цел промовирање и понатамошен развој на хип-хоп културата во земјата. Идеен творец и една од клучните фигури на настанот е Урим Етеми, познат на музичката сцена под уметничкото име Ummet, кој во соработка со неколку реномирани артисти со долгогодишен придонес, носи автентичен и носталгичен дух на сцената.
„Интересот за реализација на ваков манифест постои одамна. Сега кога се појави можноста, нема да двоумиме да го направиме на најдобар можен начин“, – изјави Ummet за медиумите.
Концертот е замислен како симболично враќање во 90-тите години, кога младите во Скопје ги поставија темелите на хип-хоп културата – на улиците, во парковите и маалата. Настанот се очекува да собере бројна публика и љубители на оваа култура, нудејќи сцена и простор за новата генерација артисти.
Организаторите упатуваат покана до целата јавност да биде дел од овој уникатен културен манифест, кој не само што ги оддава почит на корените на хип-хопот во Скопје, туку и отвора нова страница во неговата современа историја.