Познатата водителка Александра Илиевска која неколку сезони го водеше забавното шоу „Брза кујна“ набрзо по откривањето дека ќе стане мајка се повлече од ТВ екраните и ѝ се посвети на бременоста.
Но таа сепак остана активна на социјалните мрежи, каде често споделуваше фотографии од своето трудничко стомаче, уживајќи во својата бременост.
Александра на својот Инстаграм профил вчера објави дека на 23 јануари го родила своето прво дете, ќерката на која и до дадоа името Сара.
„Соништата навистина се остваруваат. Официјално е! Сара пристигна на 23.01.2021“ – напиша водителката покрај фотографијата.
Честитки Александра!