Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко е проглаен за виновен од страна на судот за несовесно работење во службата поради незаконското назначувањето вршители на должност директори во општинските основни училишта во Лабуништа, Радолишта и Подгорци.
На Мерко не му беше изречена затворска казна, туку парична од 10.000 евра, а беше образложено дека судијата ги земал во предвид олеснителните околности, меѓу кои и тоа што Мерко нема претходни осуди.
Беше образложено дека лицата во овој случај не биле бирани од редот на вработените, не бил објавен јавен оглас, немале работно искуство најмалку 5 години и биле бирани едно по друго, спротивно од Законот.
„Според Законот за основно образование се распишува оглас и се бара личност што ги исполнува тие услови. Во овој случај, како што видовме од доказите, не е распишан конкурс туку дирекно се пристапило, се направил разговор дали сакаат да прифатат и тие се согласиле. Не е спорно дека директорите си ја вршеле својата работа, спорно е дали можеле да бидат избрани“, кажа во образложението судијата, Јордан Јованов.
Обвинителството најави жалба на пресудата.
Претходно, овој месец, Судот во Струга го ослободи Мерко од обвинение за набавка на луксузното возило „Ауди А6“ и други возила за потребите на Општината. Против него се водат уште два предмети поврзани со назначување директори во други училишта, и процес за незаконско поставување споменик пред зградата во Општината.
Текстот Градоначалникот Мерко казнет со 10.000 евра за незаконското назначување на директори е превземен од МАКФАКС.