На 22 јуни, недела, во рамки на 46. издание на фестивалот „Скопско лето“ ќе се одржи концерт „Вечер на шлагери“ – 20 години СПОНА, со почеток во 20:30 часот на Платото пред Македонскиот народен театар.
Диригент ќе биде Иван Еминовиќ, а водител на настанот Вера Јанковиќ.
На сцената ќе настапат Оркестарот на „Полифонија“, а изведувачи се Денис Димоски, Оливер Њего, Васко Здравков, Андријана Јаневска, Вера Јанковиќ, Теа Пејиќ, Ана Петановска, Маја Г. Панчева и Александар Тарабунов.
Текстот „Вечер на шлагери“ на „Скопско лето“ 2025 е превземен од МАКФАКС.