На 15 мај повторно бев повикан на распит, овојпат по втор предмет – објавивме фототипно издание на книгата „Македонска крвава свадба“ од Војдан Чернодрински. Обвинението сè уште не е формулирано, но најава е дека станува збор за наводно ширење расизам – изјави за МРТ македонскиот Бугарин од Битола, Љупчо Ѓоргиевски, пренесува Трибуна.

Тој веќе е осуден на една година условно со двегодишен условен рок за ширење расна омраза во Северна Македонија. Причината, според обвинението, е тоа што како претседател на сега веќе затворениот културен клуб „Иван Михајлов“, Ѓоргиевски споделувал цитати од Иван Михајлов на социјалните мрежи – цитати што властите ги окарактеризирале како говор на етничка омраза, ксенофобија и расизам.

– Пресудата е доказ дека нашата борба е реална и вистинита. Во секоја точка од пресудата стои „изјави на бугарски јазик…“, како да е бугарскиот јазик забранет во Северна Македонија, а ние не смееме да се изразиме на мајчиниот јазик – рече Ѓоргиевски.

На 17 јуни, Ѓоргиевски беше примен од претседателот на Бугарија, Румен Радев, и министерот за надворешни работи Георг Георгиев, по што присуствуваше и во бугарското Народно собрание. Пред пратениците тој упати апел:
„Канете ги македонските Бугари во бугарскиот парламент.“

– Добро е да се реагира сега за сите проблеми со кои се соочуваат Бугарите во Северна Македонија. Луѓето се прогонувани и под притисок. Тешко е тоа да се објасни некому кој не живеел во оваа земја – рече Георгиевски на седницата на Комисијата за европски прашања во бугарското собрание.

На средбата присуствуваа и амбасадорот на Бугарија во Скопје, Желјазко Радуков, како и Христијан Пендиков – секретар на затворениот културен клуб „Цар Борис III“ во Охрид.

„Викајте ги Бугарите и слушајте ги во бугарскиот парламент, нека сите знаат што се случува во Северна Македонија – повика Ѓоргиевски и додаде дека очекува бугарските политичари да го информираат своето политичко семејство во Европа за состојбата со македонските Бугари, како и засилено присуство на бугарски медиуми во регионот.

Пратеници од сите политички партии во бугарскиот парламент изразија целосна поддршка за македонските Бугари и за случајот со Ѓоргиевски, кој е осуден во Битола само затоа што на Фејсбук цитирал историски личности како Иван Михајлов.