Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предлага електронски попис со стискање на едно копче да излезат резултатите, кои потоа ќе се вкрстат со определен број на база на податоци.
Мицковски тврди дека преку интегрираното гранично управување, точно се знае кој влегува и кој излегува, кој е присутен, а кој не во државава.
„Пример, Вие може да биде државјанин македонски, но не значи дека сте резидент“, рече Мицкоски за Канал 5.
Тој тврди дека во УЈП има попдатоци кој плаќал даноци затоа теренски попис е непотребен.
„Јас кога сум сам дома можам да кажам еве уште 20 матични броеви, тие се тука ама моментално се отсутни, венсете ги и овие 20 броеви во системот. Попишувате присутно население, не попишувате миграција, не попишувате иселеници, не попишувате дијаспора“, изјави Мицкоски.
Тој најави собирање на потписи за укинување на Законот за попис и очекува голем одизивот од граѓаните што не веруваат во пописот.
Според него, релевантни показатели во демографското движење на населението во земјава немаме од 81 година.