Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во повисоките делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Времето во наредните денови
До петок времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, особено в петок. Во деновите од викендот и в понеделник времето ќе биде стабилно и малку посвежо со умерен, повремено засилен северен ветер.
Текстот Сончево и топло време, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи е превземен од МАКФАКС.