По неколкугодишна пауза, денес беше повторно отворена канцеларијата на Агенцијата за катастар на недвижности во општина Чашка.

Со ова, над 7.500 граѓани повеќе нема да мораат да патуваат до Велес за да поднесат барање или да користат услуги од Катастарот – тие повторно се достапни директно во нивната општина.

Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, кој денес ја посети канцеларијата, на социјалните мрежи истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и приближување на институцијата до граѓаните.

„Континуирано работиме на приближување на услугите до граѓаните и подигнување на нивниот квалитет – за поефикасна, подостапна и поблиска институција“, изјави Живковски.