Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со нов напис на социјалните мрежи во кој упатува критика до власта.

„Им се дестабилизира милионскиот бизнис.
Им се дестабилизираа Ганиу, Меџити и Адеми.
Утрово ми јавија дека сковале план сега да го дестабилизираат Скопје“, пишува Арсовска.

Како што вели, ќе почнат со ЈСП, па со Комунална хигиена и ќе креираат хаос за да дефокусираат и да владеат.

„Ете што ќе се случува од денес.
Бизнис коалицијата со Ганиу, Меџити и Адеми, не смее да трпи.
На сликава од вчера ѕирка дестабилизираниот елемент“, додава Арсовска.