Има луѓе кои лесно преболуваат сè, но има и такви кои никогаш ништо не забораваат. Зодијакот вели дека тие се родени претежно под четири знаци.
Бик
На Биковите им е тешко емоционално да се отворат кон луѓето и, кога го прават тоа, очекуваат другите да не ја изневерат нивната доверба. Ако ги разочараат, никогаш нема да им простат и ќе го паметат тоа до крајот на животот.
Рак
Раковите се многу чувствителни и, ако ги повредите, ќе страдаат повеќе од другите. Ако си играте со нивните чувства и ги разочарате, тие никогаш нема да го заборават тоа, ниту пак ќе ви простат.
Шкорпија
Што и да прават Шкорпиите, го прават со целосна посветеност, без разлика дали ве сакаат или ве мразат. Ако те мразат затоа што си ја изневерила нивната доверба, постојано ќе ти го покажуваат тоа и ќе ти го прават животот мизерен сè додека се дружиш со нив.
Јарец
Јарците веруваат во живот без стрес и полн со позитивна енергија. Затоа, ако им замерите, тие нема да се двоумат целосно да ве отстранат од нивниот живот.
Текстот Четирите најголеми злопамтила во хороскопот: тешко вам ако ви замерат нешто е превземен од МАКФАКС.