Лауреат на 28. издание на Меѓународниот театарски фестивал Денови на комедија 2025 е актерката Весна Петрушевска.
„Фестивалот и Советот на Фестивалот МТФ Денови на комедија Куманово во состав на: Сања Русеска, Владанка Крстевски, Сефедин Шабани, Крсто Богојевски и Александар Крстевски, доделува награда „Васил Иљоски“ на актерката Весна Петрушевска за особен придонес во театарската уметност, посебно во делот на комедијата“, соопштија од Фестивалот.
Наградата ќе биде врачена на денот на отворањето на Фестивалот на 24 септември во голема сала на Центар за култура Куманово.
Текстот Весна Петрушевска лауреат на Денови на комедијата Куманово е превземен од МАКФАКС.