Меган Маркл неодамна го лансираше својот втор подкаст, „Confessions of a Female Founder“. Во новата епизода, таа зборуваше за мајчинството, за кое вели дека не секогаш одело според планот.

„Отсекогаш сакав да бидам мајка. Имав цела оваа визија. Потоа забрзуваш напред и сфаќаш… не испадна онака како што замислував“, рекла таа, додавајќи дека за време на двете бремености се справувала со работи врз кои немала контрола.

Меган има две деца со принцот Хари. Синот Арчи е роден во 2019 година додека таа и Хари сè уште ги извршуваа своите службени должности.

Две години подоцна, тие се повлекоа од кралското семејство и се преселија во Монтесито, Калифорнија, каде што Меган ја роди нивната ќерка Лилибет во јули.

Текстот Меган Маркл: Отсекогаш сакав да имам деца, но мајчинството не одеше по план е превземен од МАКФАКС.