За Северна Македонија започнува нова ера, со историска инвестиција од 6 милијарди евра од Обединетото Кралство, нашата земја влегува во нова траекторија на развој и модернизација. Ова е јасна порака за меѓународна доверба во новата визија што ја претставува Владата, а коалицијата „Вреди“ е посилна од кога било, се истакнува во нивното соопштение.

„Во рамките на договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји, ќе се реализираат големи проекти кои директно влијаат врз животите на нашите граѓани: Нова модерна болница во Кичево, заедно со здравствен центар; Целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово, за квалитетни услуги и поголеми капацитети; Финализирање на клиничката болница во Штип и изградба на нов медицински факултет, во согласност со современите стандарди; Модерна и брза железница од Табановце до Гевгелија, која ќе ја поврзе Северна Македонија со регионот и Европа“.

Од „Вреди“, велат дека коалицијата како политички чадор што ја претставува волјата и надежта на албанските граѓани и на сите граѓани на земјата, гарантира дека овој инвестициски пакет нема да остане на хартија, туку ќе се прошири праведно и подеднакво на албанските области каде што со децении се потребни повеќе грижа и вистински инвестиции.

„Ова е нашата визија за праведна, функционална и развиена држава, каде што секој граѓанин, без оглед на потеклото или регионот, ги чувствува придобивките од реформите и меѓународната поддршка.

Од Липково до Струга, „Вреди“ ќе се погрижи оваа историска можност да се претвори во вистински просперитет за сите граѓани.

Текстот „Вреди“: Историска инвестиција, 6 милијарди евра од Британија ќе бидат искористени за развој без никаква разлика е превземен од МАКФАКС.