Педро Паскал стана вирален по појавувањето на Канскиот филмски фестивал.

50-годишниот актер пристигна на 78-от Кански филмски фестивал на 17 мај, каде што го промовираше филмот „Едингтон“, во режија на Ари Астер, кој доби петминутни овации од публиката. Педро позираше на црвениот тепих и им го даде на своите обожаватели токму она што го сакаа. Носеше црни панталони, елегантни чевли и црна маичка што ги истакнуваше неговите мускули.

Обожавателите го преплавија интернетот со коментари, пишувајќи колку го обожаваат актерот, но и неговите раце.

„Јас, која го лајкувам секој твит за Педро Паскал откако пристигна во Кан“, напиша еден обожавател.

„Како и да е, да се вратиме на важните работи… Педро Паскал дефинитивно можеше да биде во момчешки бенд од 90-тите“, напиша друга обожавателка, а многумина се согласија со нејзиното тврдење.

Текстот Обожавателите полудеа по фотографиите од Педро Паскал во Кан, неговите раце се хит е превземен од МАКФАКС.