Сопругата на познатиот актер Џорџ Клуни, Амал Клуни, прошета по црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал и ги остави сите без зборови.
Дури и фактот дека се појави без сопругот не успеа да го засени нејзиниот гламурозен изглед во долг црн фустан од Џон Галијано.
И покрај новите правила што забрануваат волуменозни креации и оние што откриваат премногу, Амал блескаше.
Убавата адвокатка имаше и истакнато деколте, а некои тврдат дека фустанот не бил предолг, па затоа не мора да значи дека ги прекршила правилата.
Дијамантските обетки беа таму за да го надополнат сè, а Амал уште еднаш покажа дека елеганцијата и стилот се нешто што е вродено за неа и дека ниедно правило не може да ја спречи да биде моден победник во секоја смисла.
Сите очи традиционално беа вперени во неа, па затоа е малку ако се каже дека нејзиното доаѓање предизвика доста возбуда.
Нејзиното појавување без Клуни само ги разгоре гласините за наводни проблеми во нивниот брак и кризата што не ги заобиколи…
Текстот (Фото) Во екот на гласините за развод, Амал Клуни мами воздишки е превземен од МАКФАКС.