Музејот на Македонија го одбележува Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај со промоција на публикацијата „Кузман Јосифоски – Питу – животна приказна“.
Промоцијата ќе се одржи на 19 мај 2025 година (понеделник), во 12 часот, во изложбените простории на Музејот.
„Публикацијата е дел од истражувачкиот проект посветен на животниот пат на револуционерот Кузман Јосифоски – Питу и се реализира во рамките на годишната програма, со поддршка од Министерството за култура и туризам. Нејзината намена е да ја збогати музејската презентација и едукација, на теми со историска содржина и да послужи како корисно помагало во наставата по историја и граѓанско образование, во рамките на образованиот процес“, велат од Музејот.
Автор на публикацијата е м-р Здравко Стојкоски, кустос – историчар во Музејот. Промотор на настанот ќе биде м-р Данијела Трајкова Крстиќ, виш кустос – историчар во НУ Музеј на македонската борба за државност и самостојност.
Текстот Промоција на публикацијата „Кузман Јосифоски – Питу – животна приказна“ во Музеј на Македонија е превземен од МАКФАКС.