Опремата на УБК за прислушување, која беше уништена во 2015 година, вредела од скоро еден и пол милиони евра, тврди вештакот за материјално, сметководствено и финансиско работење, Ѕвонко Кочовски, кој денеска сведочење пред судот за случајот „Таргет-Тврдина“.

Одбраната на обвинетата Гордана Јанкуловска праша зошто не е направена анализа на вредноста на хардверот, софтверот и лиценците на системот за прислушување.

„Немаше потреба бидејќи тоа беше направено од колегата за технички науки. Јас сум вештак од финансиско работење, немаше потреба да се дели системот на делови. Станува збор за неделив систем, споен“, одговори Кочовски.

Во случајот „Таргет-Тврдина“ обвинети се 12 лица, вклучувајќи ги и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и Сашо Мијалков и уште 10 вработени во УБК. Јанкуловска во изминатиот период при своето сведочењето рече дека не знаела оти потпишува документ за уништување на опремата за прислушување.

Станува збор за обвиненија за незаконско прислушкување и за уништување на опремата за прислушкување во времето на владеење на сега опозициската ВМРО-ДПМНЕ.