Хајди Клум е навикната да привлекува внимание каде и да оди во текот на нејзината кариера како модел и телевизиска личност.

Клум (51) присуствуваше на годишниот Филмски фестивал во Кан, а нејзиниот избор на облека дефинитивно беше впечатлив. Таа носеше розов фустан со долг дел кој се влечеше по земјата.

За жал, дизајнот на фустанот го прекршува правилникот за облекување на престижниот фестивал, барем според официјалната веб-страница на Кан.

„Тоалети со волумен, особено оние со долг шлеп, кои го попречуваат движењето на гостите и го отежнуваат седењето во театарот, не се дозволени“, стои на сајтот.

Секако, голотијата исто така е забранета во Кан, но Клум не го прекршила тој дел од правилата. Сепак, нејзината облека очигледно ги надминува дозволените граници наведени погоре.

 

Текстот Хајди Клум ги прекрши правилата на Канскиот филмски фестивал е превземен од МАКФАКС.