Рускиот претседател Владимир Путин вчера одржа состанок со членовите на јавната организација „Бизнис Русија“. Тој ги коментираше санкциите што ЕУ планира да ги воведе врз Русија.

„Се чини дека нема да го направат ова и она затоа што им штети. Но, тие навистина го прават тоа – идиоти. Извинете за изразот. Но, што друго можам да кажам? Водечките светски економии паѓаат во рецесија само за да ни наштетат“, рече Путин.

Европската унија го одобри 17-тиот пакет санкции против Русија, изјави за „Киев Индепендент“ висок функционер на ЕУ, кој побара анонимност. Мерките се насочени кон речиси 200 бродови од руската „флота во сенка“, 30 компании вклучени во избегнување на санкции и 75 санкции против субјекти и поединци поврзани со рускиот воено-индустриски комплекс и други цели.

Текстот (Видео) Путин: Идиоти воведуваат санкции, паѓаат во рецесија само за да ни наштетат е превземен од МАКФАКС.