Српската манекенка Данијела Димитровска не можеше да го скрие возбудувањето околу свршувачката, па затоа проговори за домашните медиуми…

„Деталите од чинот би ги чувала само меѓу нас двајцата. Тој романтичен чин ќе ми остане врежан во сеќавањето засекогаш. Можам да кажам дека сум најсреќната жена на светот и дека сè уште не можам да ги сокријам емоциите.“

Моделот и водителка Данијела Димитровска неодамна објави добри вести на Инстаграм. Имено, заносната бринета му кажа големо „да“ на својот партнер Јеврем Косниќ, а веднаш објави фотографија од нејзиниот веренички прстен на социјалните мрежи.

Текстот Прва огласување на српската манекенка Данијела Димитровска по веридбата: „Јас сум најсреќната жена на светот…“ е превземен од МАКФАКС.