Никола Сандуловиќ, претседателот на Српската републиканска партија, на Фејсбук сподели фотографија од вчерашниот прием на светските лидери во Москва, на која се гледа каде бил поставен српскиот претседател Александар Вучиќ во однос на другите светски лидери.
„Еве колку вреди српскиот диктатор Александар Вучиќ во вистинската меѓународна политика… тој седи во задниот ред кај својот шеф Путин, како и на сите други важни меѓународни состаноци каде што се собираат претседателите на земјите.
Само во Србија тој може, преку лаги, измислици и сопствени мистификации, да се претстави како значајна политичка фигура на меѓународната сцена… инаку, на овие собири секогаш може да се види што мислат за него и како се однесуваат кон него“, напиша Сандуловиќ.
Вучиќ пристигна во Москва за да присуствува на големата воена парада на Црвениот плоштад по повод 80-годишнината од победата над фашизмот.
Текстот Српски политичар објави фотографија: „Вучиќ седи во задниот ред кај шефот Путин“ е превземен од МАКФАКС.