Вчера зад затворените врати на Систинската капела почна најголемата конклава во историјата на Католичката црква на која учествуваат 133 кардинали, а меѓу нив се и тројцата најмлади кои претходно споделија заедничко селфи.
Кардиналот Америко Мануел (51) од Португалија, кардинал Микола (45), украински грчко-католички кардинал со седиште во Австралија и кардинал Џорџо Маренго (50) од Монголија направија заедничко селфи во базиликата Свети Петар.
Селфито е направено на денот на погребната миса на папата Франциско на плоштадот Свети Петар, 26 април 2025 година.
Фотографијата ја сподели и новинарот Жан-Пјер Дени со друго селфи и натпис „Првата конклава на селфи генерацијата“.
На почетокот на конклавата, помладата генерација кардинали привлекува внимание. Од 133 кардинали, 15 се помлади од 60 години.
Текстот Селфи генерација во Ватикан: Најмладите кардинали кои учествуваат на конклавата е превземен од МАКФАКС.