Српскиот пејач Аца Лукас минатата ноќ бил приведен во полициска станица откако го запрела рутинска контрола, а по проверката алкотестот покажал дека Лукас имал повеќе алкохол во крвта од дозволеното.
„Да, приведен сум, имав малку повеќе алкохол во крвта. Бев во полиција, тие си ја работеа работата. Како и секој друг граѓанин, нема разлика. Лага е дека сум им зборувал грди зборови на полицијата“, изјавил Лукас за српски Телеграф.
„Ме приведоа зашто имав 0,95 промили алкохол во крвта. Ја поддржувам работата на полицијата, како и секој друг граѓанин отидов и одработив што требаше да направам. Сега ќе одам кај судијата, сигурно ќе добијам казна. Не правам разлика меѓу другите граѓани и себе“, рекол Лукас.