Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да го објави новиот ценовник за нафтените деривати што ќе биде во сила сѐ до следниот понеделник.

Минатата недела со одлука на Регулаторна, цената на бензинот Супер-95 и на дизел горивото се зголеми за 1,00 денар, а Супер-98 поскапе за 1,50 денари.

– Advertisement –

Во петокот РКЕ соопшти дека поради укинувањето на дополнителната акциза за горивата која беше воведена како мерка за време на вонредна состојба, цените на горивата се намалија за уште 2,00 денара по литар.

Прикажи повеќе