Поранешниот потпретседател на Соединетите Американски Држави, Ал Гор, ја спореди администрацијата на Доналд Трамп со нацистичка Германија.
Зборувајќи на митингот по повод почетокот на Неделата на климата во Сан Франциско, тој рече дека администрацијата на Трамп се обидува да создаде своја преферирана верзија на реалноста со цел да ги постигне своите сеопфатни цели слични на Нацистичката партија на Адолф Хитлер во 1930-тите и 1940-тите, објавува „Политико“.
„Многу добро разбирам зошто е погрешно да се споредува Третиот рајх на Адолф Хитлер со кое било друго движење. Тоа беше уникатно зло, точка. Сфаќам. Но, постојат важни лекции од историјата на тоа зло што се појави“, рече Гор, кој беше потпретседател под Бил Клинтон.
Претставниците на Белата куќа не ги коментираа изјавите на Гор.
Текстот Гор: „Администрацијата на Трамп е како нацистичка Германија“ е превземен од МАКФАКС.