Од папата Франциско денеска се простија и актуелниот американски претседател Доналд Трамп и неговиот претходник Џо Бајден – републиканецот со кратка изјава, а демократот со пофалби за црковниот поглавар како „еден од најважните лидери на нашето време“.

Претходникот на Трамп, Џо Бајден напиша на платформата Икс дека Франциско „ќе биде запаметен како еден од најважните лидери на нашето време“ и ја пофали „неговата борба против сиромаштијата“.

 

„Тој беше различен од неговите претходници. Тој беше папа на народот, светлина на верата, надежта и љубовта“, напиша демократот во објавата придружена со фотографија од него и Франциско.