Украинската државна служба за вонредни ситуации објави дека бројот на повредени во утринскиот руски ракетен напад врз Харков се зголемил на 82, вклучувајќи шест деца, додека едно лице е убиено, пренесува Укринформ.

Градоначалникот на тој украински град, Игор Терехов, претходно напиша на Телеграм дека 54 лица се ранети во рускиот ракетен напад врз Харков утрово, а дека подоцна тој број се зголемил на 74, додека едно лице е убиено.

Исто така, порано денес, Олех Сињехубов, кој раководи со Харковската регионална воена администрација, објави дека 13 лица, меѓу кои и две деца, се хоспитализирани по нападот, објави Укринформ.

Според него, четворица од хоспитализираните се во сериозна здравствена состојба.

Ракетниот напад го погодил густо населениот округ Основјан во Харков, според украинската агенција.

Текстот Најмалку 82 лица ранети во рускиот ракетен напад врз Харков: меѓу нив шест деца е превземен од МАКФАКС.