„Има обид на Северна Македонија да ги претстави нормалните барања на Бугарија за почитување на европските критериуми како каприц на нашата земја. Тие се обидуваат да ги претстават како билатерална блокада, што не е точно“, вели бугарската подпретседателка Илијана Јотова, која зеде учество во меѓународниот форум „ЕУ се среќава со Балканите“, што се одржува во Софија, пренесува Трибуна.