Полицаецот по кој се трагаше, утрово сам се пријавил во Обвинителството. Тој е меѓу 10-те полициски службеници кои од завчера се опфатени со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Утринава се пријави и сега е пред судија на претходна постапка“, информираат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа дека во истрагата за пожарот се опфатени 10 полициски службеници. Шестмина добија мерки за претпазливост, а тројца од осомничените се претходно обезбедени.

Текстот Осомничениот полицаец за пожарот во Кочани по кој се трагаше, сам се пријавил во Обвинителството е превземен од МАКФАКС.