Турската полиција уапси 525 осомничени дилери на дрога во операции низ Анкара, што е најголемата операција против дрога во историјата на земјата, објави министерот за внатрешни работи на земјата, Али Јерликај.
Во операцијата учествувале илјадници полицајци, кучиња трагачи, дронови и хеликоптери, а цел биле повеќе од 625 објекти, рече Јерликај, објави АП.
Рациите следеа по шестмесечен „технички и физички надзор“ на секој осомничен.
Текстот Турција: Уапсени 525 дилери со дрога во најголемата операција во земјата е превземен од МАКФАКС.