Од 47 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани кои во моментов се на лекување во болниците во Скопје и во странство, само еден е во критична состојба. Министерот за здравство, Арбен Таравари, информира дека од двајцата критични пациенти, кај едниот има мало подобрување.

Тој додаде дека за утре е најавено враќање на уште еден пациент што се лекува во странство.

Министерот информира дека експерти од Велика Британија направиле евалуација за тоа колку време ќе им биде потребно за рехабилитација на повредените. Утврдено е дека на сите повредени ќе им бидат потребни од еден месец до 24 месеци рехабилитација.

Таравари исто така рече дека неколку држави се понудиле за бесплатна долготрајна рехабилитација, но деталите ќе бидат објавени за десетина дена.

Текстот Од 47 повредени во Кочани, кои се лекуваат во државата и во странство, само еден е во критична состојба е превземен од МАКФАКС.