Бугарија е подготвена за влез во еврозоната, изјави министерката за финансии Теменужка Петкова на деловен појадок организиран од Американската и Британската трговска комора во Бугарија. Според Петкова, земјата никогаш не била поблиску до еврозоната, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.
Министерката ги истакна главните приоритети на владата „Желјазков“, меѓу кои се членството на Бугарија во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕСР), ефикасното искористување на средствата од Планот за обнова и одржливост (ПОО) и борбата против сивата економија.