Раперката Азилија Бенкс која неодамна го сподели целиот процес на откопување на својата мачка, па се до варење и зачувување на нејзиниот череп во знак на сеќавање, сега јавно на австралиската радио станица призна дека поседува и череп од шест-годишно девојче.

ФОТО | Бизарно: Раперката ја ископала својата мртва мачка па ја зготвила

Девојчето наводно починало од сериозни повреди на главата. Таа на изненадување на водителот од черепот од мачката наеднаш се префрлила на черепот од девојчето и ја изненадила целата јавност која ја осуди дека е морбидна.

Азилија во емисијата говорела за својата љубов кон коските и човековата анатомија.

Фото: Јутјуб

На прашањето зошто има череп од мало девојче во својот дом таа одговори:

Фото: Јутјуб

„Јас обожавам коски, ако ја проверите вашата картичка и возачка дозвола, ако сте донатори на органи, тие не го земаат само здравото срце или црниот дроб, туку имаат право на секој дел од телото, а некои од нив и ги продаваат. Постојат многу интернет стани за научни истражувања на кои всушност можете да купите човечки череп, како овој“, изјави пејачката и повторно го шокираше светот, притоа нагласувајќи дека не му сторила ништо лошо на својот мачор, туку едноставно сакала неговиот череп да го задржи за спомен.