Ромео Бекам, средниот син на Викторија и Дејвид Бекам, е на добар пат сам да изгради успешна кариера.

Малиот Ромео неодамна се појави на насловната страница на магазинот Вог.

Фотографиите и снимките со Ромео во главна улога привлекоа големо внимание од светската јавност, а на својот миленик особено е горда славната мајка. Викторија со успехот на својот насленик се пофали на социјалните мрежи, истакнувајќи колку е горда на него, а ист коментар имаше и фудбалската легенда.

Меѓу бројните коментари кои го величат успехот на младата ѕвезда во подем, има и многу од оние кои истакнуваат дека Ромео неверојатно личи на неговата мајка.

Модните едиторијали, покрај останатото, ги одбележаа и необичните комбинации на облека.

Срцето на симпатичниот Ромео го освои инфлуенсерката Миа Реган, во чија љубов тој ужива околу една година. Таа му дава безрезервна поддршка и корисни совети бидејќи и таа се занимава со моделинг.