Познатата актерка Деми Мур со децении го воодушевува светот со својот изглед, а со улогата во филмот „Substance“ конечно ја доби својата прва голема награда Златен глобус.
Откако изминатиов период често ја гледавме на црвениот тепих, таа секогаш не оставаше без зборови со своите гламурозни тоалети и нејзината препознатлива долга коса. Сега таа се одлучи за голема промена и ни покажа нова фризура.
Деми Мур реши да ја скрати косата и да направи популарен лоб, еден вид долга боб, фризура која ќе ја одбележи и оваа и следната сезона, ако ги прашате кралиците на стилот.
Холивудската дива ја раздвои косата, оставајќи дел на страна, а врвовите ги свитка, давајќи и дополнителна исполнетост. Многу дами се одлучуваат за оваа фризура, бидејќи визуелно подмладува, велат дека „отстранува“ десет години од лицето.
Фризурата лоб секогаш е популарна, а на нив не останаа имуни ниту Селена Гомез, Рози Хантингтон Вајтли, Алесандра Амбросио, Џенифер Лопез.
Со оваа фризура косата изгледа погуста отколку што е, а сигурно сте позадоволни кога ја имате фризурата од соништата.
Деми Мур е позната како една од познатите жени кои променија бројни фризури во текот на својата кариера. Имаше популарна пикси фризура, а за потребите на филм беше и ќелава.
Сепак, најдолго остана верна на својата долга коса која понекогаш ја пушташе права, понекогаш ја виткаше во бранови и секогаш беше главна ѕвезда.
Лесно е да се биде гламурозен со долга коса, Деми Мур веќе ни го има докажано многу пати, па останува да видиме како ќе се снајде сега со оваа промена.
Текстот Новата фризура на Деми Мур магично одзема години, а холивудските диви веќе се луди по неа е превземен од МАКФАКС.