Милорад Додик, претседателот на Република Српска, рече дека злоупотребата на судството на БиХ за политички цели продолжува.

„Колку што им одговара, ќе ѝ одговара на Република Српска затоа што овој проблем ќе се интернационализира. Муслиманите се обидуваат да направат сè со Сараево, како и неуставното обвинителство и судот на Босна и Херцеговина, да го инструментализираат тоа“, посочи Додик за РТРС коментирајќи го фактот дека судот на Босна и Херцеговина бараше распишување потерница по него и по Ненад Стевандиќ, претседател на Народното собрание на Република Српска.

Тој посочи дека никој не треба да се грижи за таква приказна.

„Како претседател на Српска, пред сѐ, ги почитувам одлуките на Народното собрание, во кои се е кажано, односно како треба да се постапи. Сѐ е јасно“, објасни Додик.

Тој посочи дека најважна му е Српска, во споредба со БиХ, која е промашена и пропадната земја, пренесува „Независне“.

Текстот Додик се огласи за потерницата: „БиХ е промашена и пропадната земја“ е превземен од МАКФАКС.