Дали во прашање е нивниот шарм, упорноста, стекнатите вештини за заведување или се заедно, не е важно, машките припадници на овие хороскопски знаци ќе ве ви го одземам здивот, затоа што се работи за вистински мајстори за флерт.

Лав
Тие пукаат од самодоверба и кога ќе влезат во просторијата, сите го приметуваат нивниот шарм. Тие се популарни во секое друштво, со нив никогаш не е досадно затоа што ги познаваат сите главни градски фаци. Никој не би одолеал на нивните манири и кавалерството. Лавовите уживаат во игрите на заведување и сакаат да „ловат“. Да не ја нагласуваме и веќе познатата работа дека се едни од најстрастните љубовници.

Unsplash/ Frankie Cordoba

Скорпија
Скорпијата зрачи со својата привлечности и не може да помине незабележано каде и да се појави. Привлекува како магнет со својот продорен поглед. Ќе ве освојува со невербална комуникација, додека зборувате за најобични теми, нема ни да бидете свесни дека веќе сте паднале на нејзиниот шарм. Сексот им е многу важен и уживаат во страстно водење љубов.

Близнаци
Тие имаат пријателски пристап. Им приоѓаат на сите, без да знаете дека ве освојуваат на тој начин. Тие се многу директни и забавни, така што веднаш ќе ја поттикнат вашата фантазија. Нивната харизма плени, а по кратко време ќе сакате да поминувате што повеќе време во нивно друштво.

Рак
Иако се многу чувствителни, тие не ги покажуваат своите емоции. Освојуваат со своето беспрекорно разбирање и внимание. Секогаш може да се потпрете на него и да му ги кажете сите свои проблеми и тајни. Нивниот пристап е многу искрен и поинаков, па нема да ви треба многу време да се зближите со нив.