Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди островот Сулавеси во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил во 11:13 часот на длабочина од 33 километри.
Епицентарот на земјотресот бил на речиси 400 километри североисточно од градот Палу.
Текстот Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди Индонезија е превземен од МАКФАКС.