Лидерот на Алтернативата, Зеќирија Ибрахими, во видео изјава го коментираше повикот за бојкот на локалните избори од страна на ДУИ. Меѓу другото, Ибрахими истакнува дека е во корист на демократијата што во ДУИ ќе се случи што побрзо реформски процес.

Доколку ДУИ сака да опстане, нагласува Ибрахими, Ахмети мора да си замине од ДУИ.

„Изјавите на претседателот на ДУИ дека нема да учествува на локалните избори се поврзани единствено со фактот дека тој е свесен дека за првпат нема да може да ги манипулира изборите. Нема да може да купува гласови, нема да може да ги заплашува граѓаните. А без тие средства, тој не сака да влезе во изборната трка, бидејќи е свесен дека ќе биде поразен. Нова, реформирана ДУИ, без дамките од минатото, е добредојдена во изборна трка. Колку побрзо се случи оваа реформа, толку подобро за демократијата, за Албанците, но и за самата ДУИ. Нема вистинска демократија без фер натпревар – а нема фер натпревар со Али Ахмети на чело на ДУИ. ДУИ досега, како корумпирана и со темно минато, е неиздржлива. Нејзината иднина не може да остане заложник на еден човек. Ако ДУИ сака да опстане, Ахмети мора да си замине од ДУИ и да отстапи место за реформирана ДУИ, која го почитува демократскиот процес и учествува на изборите со кредибилитет”, изјави Ибрахими.

Текстот Зеќирија Ибрахими: Повикот за изборен бојкот е страв од пораз е превземен од МАКФАКС.