Мишел Обама неодамна го најави својот нов подкаст IMO, кој го води заедно со нејзиниот брат Крег Робинсон. Во новата епизода поранешната прва дама откри дека нејзиниот сопруг Барак Обама има навика која навистина и пречи.

„Тој мораше да се прилагоди на она што за мене значи дека сме на време“, рече таа. Како што вели, кога и да се подготвувале за пат, Барак во последен момент се сеќавал дека треба да оди во тоалет, на пример.

„Му реков: Ако треба да одиме во 3 часот, дотогаш требаше да го направиш сето тоа. Престани да ги бараш очилата ако веќе треба да сме на пат“, додаде таа. Во текот на 30-те години во брак, таа вели дека Барак многу работел на тоа.

Да потсетиме, веќе некое време се шират гласини дека бракот на Обама е во неволја. Сè се засили откако Барак се појави на инаугурацијата на Трамп без неговата сопруга, која беше единствената прва дама која не дојде на инаугурацијата. Неколку дена претходно Барак ги демантираше гласините за развод и и посвети роденденска објава на својата сопруга.

Текстот (Видео) Мишел Обама не поднесува една навика на нејзиниот сопруг: „Поради него секогаш доцниме“ е превземен од МАКФАКС.