Сабрина Карпентер, една од најголемите светски поп ѕвезди, на доделувањето на наградите Брит настапи во нејзиниот препознатлив стил кој, се чини, беше премногу за Британците (или некои од нив).

25-годишната пејачка, позната по своите провокативни изданија и танцови потези, на сцената се појави во црвен корсет, опкружена со танчери облечени како членови на Кралската гарда.

Сабрина заводливо танцувала во кревет во облик на срце на нејзината песна Bed Chem, а во еден момент ги раширила нозете.

Пејачката ја доби наградата за глобален успех и беше номинирана во категориите за најдобар меѓународен изведувач и меѓународна песна на годината, а нејзиниот настап се одржа пред 21 часот, што предизвика бројни негативни коментари на социјалните мрежи.

„Мојата 11-годишна ќерка е опседната со Карпентер, но додека го гледав овој настап, ѝ објаснив зошто нема да ја однесам на нејзиниот концерт“, „Го гледаат 13-годишни девојчиња, ова е ужасно“, „Вакви работи покажуваш во 20:23. Многу девојчиња го гледаат ова“, се само некои од коментарите.

Текстот (Видео) Британците се жалат на настапот на Сабрина Карпентер: „Тоа е шоу од 18+, а девојчиња ја гледаат“ е превземен од МАКФАКС.