Од 15-ти до 17-ти март 2025 година во Струмица , Битола и Скопје ќе се одржат средби за сите кандидат студенти од Република Северна Македонија кои сакаат да студираат во државните универзитети во Република Бугарија, јавува Трибуна.
Информативната кампања има за цел да го популаризира високото образование во Бугарија и е во организација на бугарското Министерство за образование и наука , Извршната агенција за Бугарите во странство, Амбасадата на Република Бугарија во РСМ , Генералниот Конзулат на Р. Бугарија во Битола и бугарскиот Културно информативен центар во Скопје.
,,На средбите ќе бидат претставени можностите и условите за конкурирање и обука во бугарските државни виши училишта согласно одлука број 103/1993 и одлука број 228/ 1997 на бугарската Влада и ќе се претстави информација за процедурата за упис за учебната 2025/2026 година.
Средбата во градот Струмица ќе се одржи на 15. 03 2025 година ( сабота) од 11-14 часот локално време, во општинскиот Младински центар на адреса ул. ,,Сандо Масев” бр. 1.
Средбата во градот Битола ќе се одржи на 16.03 2025 година ( недела) од 11-14 часот во хотел Милениум- Широк Сокак.
Средбата во Скопје ќе се одржи на 17.03 2025 година ( понеделник) од 16:30-18:30 часот , во бугарскиот Културно информативен центар, на ул. ,,Никола Вапцаров” бр. 6.
Ги покануваме сите кандидат студенти кои сакаат да студираат во бугарските државни универзитети и нивните родители да ги посетат средбите”, велат организаторите.