Ким Кардашјан предизвика бурни реакции со новата кампања, која ја промовира СКИМС – нејзината линија костими за капење и долна облека.

Таа постави џиновска кукла на надувување во сино бикини на Тајмс сквер во Њујорк.

Постаавката е долга 18 метри, а поради нереалните пропорции на куклата, 44-годишната реална ѕвезда доби многу критики.

„Нереално прикажување на женското тело“, „Има деца што се шетаат, не е во ред“, „Што е со луѓето што го одобрија ова?“, „Го сакам СКИМС, но ова е страшно“, „Нарушување на јавно место“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Новата колекција на костими за капење СКИМС се одликува со смели животински принтови и женствени силуети, со леопард и тигарски дезени во нежни нијанси на шампањ.

Текстот Џиновската кукла на Ким Кардашјан на Тајмс сквер предизвика бурни реакции: „Таму шетаат деца“ е превземен од МАКФАКС.